Е-пошта

[email protected]

Контакт тел

(+389)2 322 4249

Ендоскопски прегледи

(+389)70 361 674

Гастроскопија

Гастроскопија е медицинскa процедура со која се истражуваат симптоми и детектираат болести на храноводот, желудникот и дуоденумот. Методата се изведува со помош на ендоскоп – тенка, флексибилна цевка на која што има прикачено светло и камера. За време на гастроскопија, поминуваме со ендоскопот низ устата и надолу низ хранопроводникот, желудникот и дуоденумот (дванаесет палачното црево), […]

Колоноскопија

Колоноскопија е медицинскa процедура со која се истражуваат симптоми и детектираат болести на дебелото црево. Методата се изведува со помош на ендоскоп – тенка, флексибилна цевка на која што има прикачено светло и камера. За време на колоноскопијата, поминуваме со ендоскопот низ аналниот отвор и нагоре низ дебелото црево и краток дел од тенкото црево, […]

УЛТРАЗВУК НА АБДОМЕН

Ултразвук на абдомен

Ултразвукот е неинвазивна, радиолошка дијагностичка метода, која овозможува увид во морфологијата на органите и ткивата, како и откривање на патолошки промени. Овој преглед ги покажува црниот дроб, жолчното кесе, жолчните канали, панкреасот, слезината, бубрезите, мочниот меур, јајниците и матката кај жените, како и простатата кај мажите. Ултразвукот открива камења во жолчното кесе и жолчните канали, […]

Ултразвучниот преглед на тироидната жлезда

Ултразвучниот преглед на тироидната жлезда е сигурна и безболна дијагностичка процедура која дава информации за големината и структурата за тироидната жлезда. Прегледот треба да се направи: – При испитување на гушавост (струма), Хашимото тироидитис, други воспаленија на тироидната жлезда (инфективни или автоимуни). -Со цел откривање и испитување на сите бенигни и малигни тумори на тироидната […]

ШТО Е АСЦИТНА ПУНКЦИЈА?

Парацентеза (абдоминална пункција) е процедура која овозможува евакуација на течност (асцит) од абдоминалната празнина (перитонеална празнина). Асцитот е предизвикан од акумулација на течност во абдоминалната празнина како резултат на инфекција, воспаление, повреда или болест како што е цироза или рак. Течноста се евакуира со помош на долга, тенка игла која се вметнува во абдоминалната празнина. […]

Helicobacter pylori

Helicobacter pylori е посебна бактерија во многу аспекти. Изолирана е од човечки желудник каде поради исклучително киселата средина условите за живот на микроорганизмите теоретски се невозможни, па се вбројува во прекршителите на природните закони. Тоа е првата бактерија за која е докажано дека предизвикува рак и лимфом, за нејзиното откритие Маршал и Ворен ја добија […]

Индикации и симптоми заради кои што се изведува колоноскопија

- ректално крвавење (светло црвена крв во столица). - хематохезија (темно црвена крв во столица). - железодефицитна анемија (слабокрвност). - изразен губиток на телесна тежина - новопојавена опстипација - долготрајна дијареа - возраст над 45 години (скрининг колоноскопија). Горенаведените симтоми може да бидат предизвикани од многу состојби, мегу кои со колоноскопија се дијагностицираат: - дивертикулит/дивертикулоза […]