Ултразвукот е неинвазивна, радиолошка дијагностичка метода, која овозможува увид во морфологијата на органите и ткивата, како и откривање на патолошки промени. Овој преглед ги покажува црниот дроб, жолчното кесе, жолчните канали, панкреасот, слезината, бубрезите, мочниот меур, јајниците и матката кај жените, како и простатата кај мажите. Ултразвукот открива камења во жолчното кесе и жолчните канали, камења во бубрезите, туморски лезии на паренхиматозните органи, крвавење или присуство на слободна течност во желудникот и карлицата. Ултразвучниот преглед на желудникот има ограничени можности за дијагностицирање на состојбата и болестите на шупливите органи (желудникот, дуоденумот, тенкото и дебелото црево) поради присуството на воздух и содржина во нив. За испитување на горенаведените органи се користат ендоскопски методи (гастродуоденоскопија – ендоскопски преглед на желудникот и дуоденумот и колоноскопија – ендоскопски преглед на целата должина на дебелото црево).
Прегледот е едноставен, брз и безболен без штетни влијанија врз организмот, а може да се повторува во пократки временски интервали, во зависност од клиничката потреба, а воедно е сигурен и ефикасен метод во откривање на болести на абдоминалните органи. Се изведува на тој начин што пациентот го ослободува стомакот од облеката, лежи на грб, додека лекарот ја поминува сондата на апаратот за ултразвук, кој претходно е нанесен гел, преку кожата на абдоменот.За време на прегледот, пациентот не чувствува никаква болка. Прегледот трае од 20 до 30 минути, по што пациентот добива објаснување и писмен извештај.
Ултразвучен преглед на абдомен се препорачува за сите пациенти кои имаат проблеми во однос на: