Колоноскопија е медицинскa процедура со која се истражуваат симптоми и детектираат болести на дебелото црево. Методата се изведува со помош на ендоскоп – тенка, флексибилна цевка на која што има прикачено светло и камера. За време на колоноскопијата, поминуваме со ендоскопот низ аналниот отвор и нагоре низ дебелото црево и краток дел од тенкото црево, се со цел дијагностицирање на долнодигестивни проблеми.
За време на колоноскопијата доколку има потреба може да се земе биопсија.
Чести симптоми заради кои што се изведува колоноскопија
- ректално крвавење (светло црвена крв во столица).
- хематохезија (темно црвена крв во столица).
- железодефицитна анемија (слабокрвност).
- изразен губиток на телесна тежина
- новопојавена опстипација
- долготрајна дијареа
- возраст над 45 години (скрининг колоноскопија).
Горенаведените симтоми може да бидат предизвикани од многу состојби, мегу кои со колоноскопија се дијагностицираат:
- дивертикулит/дивертикулоза
- хемороидални јазли
- полипи
- карцином
- воспалителни цревни болести.