Гастроскопија

Гастроскопија е медицинскa процедура со која се истражуваат симптоми и детектираат болести на храноводот, желудникот и дуоденумот. Методата се изведува со помош на ендоскоп – тенка, флексибилна цевка на која што има прикачено светло и камера. За време на гастроскопија, поминуваме со ендоскопот низ устата и надолу низ хранопроводникот, желудникот и дуоденумот (дванаесет палачното црево), се со цел дијагностицирање на горнодигестивните проблеми.
Тежината на вашите симптоми и колку долго сте ги имале ќе ни помогнат да одредиме кој проблем веројатно го доживувате.
Чести симптоми заради кои се изведува гастроскопија
– проблеми при голтање
– горчлив или метален вкус во уста
– повторувачка абдоминална болка
– градна болка и дискомфорт.
– рефлукс на киселина, горушица, проблеми со варење на храна
– повракање на крв
– гадење и повракање
– црна столица
Горенаведените симтоми може да бидат предизвикани од многу состојби, мегу кои со гастроскопија се дијагностицираат:
– Гастритис
– Пептична улкусна болест
– Баретов езофагус
– езофагеални стриктури
– гастроезофагеална рефлуксна болест,
– ахалазија,
– еозинофилен езофагитис
– карциноми на езофагус, желудник и дуоденум.

Сподели:

Слични Написи

Испратете ни порака