Аноскопијата е испитување на аналниот канал од страна на лекар. Овој преглед го покажува дисталниот дел од ректумот. Испитувањето се врши со помош на ендоскопски инструмент наречен аноскоп.
Аноскопот е шуплива цевка, долга неколку цм. За да се види внатрешноста на аналниот канал, потребен е извор на светлина, кој се става во рачката на аноскопот.
Аноскопијата е едноставен, безболен и краток преглед. Нема потреба од чистење на цревата. Се изведува во положба колено-лактот (пациентот клечи потпрен на колена и лактите) или лежечки (пациентот лежи на левата страна со свиткани колена кон градите). Лекарот обично става вазелин на аноскопот за полесно влегување на инструментот во аналниот канал и по извлекувањето на дел на инструментот прави преглед.
Лигација на хемороидални јазли претставува минимално инвазивна, нехирушка процедура за третирање на хемороидална болест. За да се лигира ( подврзе ) хемороидот со помош на гумени ленти, лекарот вметнува мала алатка наречена лигатор низ осветлена цевка, во аналниот канал и го подврзува хемороидот со гумено ластиче. Гумените ластичиња го прекинуваат снабдувањето со крв на хемороидите, предизвикувајќи хемороидот да фиброзира и да испадне.
Зачленете се и бидете во тек со сите наши новитети
ГАСТРОТОП – Центарот за гастроентерохепатологија
и интерна медицина е основан во 2005 година како израз на желбата за поинаков, поцелосен, поквалитетен индивидуален пристап кон пациентот.
Без разлика дали имате гастроинтестинални симптоми или сакате да организирате скрининг колоноскопија, ги охрабруваме луѓето да го посетат Центарот за ендоскопија.