Интернистички преглед значи комплетен преглед при кој лекар специјалист по интерна медицина преку разговор со пациентот зема детални информации кои ги вклучуваат претходните болести, болестите во семејството како и причината за доаѓање (анамнеза).
Откако ќе се распраша за вашата медицинска историја, специјалистот по интерна медицина ќе спроведе физички преглед, кој вклучува инспекција, перкусија, аускултација и палпација после што можно е да бидат препорачани дополнителни доиследувања.