Ултразвучниот преглед на тироидната жлезда

Ултразвучниот преглед на тироидната жлезда е сигурна и безболна дијагностичка процедура која дава информации за големината и структурата за тироидната жлезда.

Прегледот треба да се направи:

– При испитување на гушавост (струма), Хашимото тироидитис, други воспаленија на тироидната жлезда (инфективни или автоимуни).
-Со цел откривање и испитување на сите бенигни и малигни тумори на тироидната жлезда.

– Со цел да се испитаат јазли на тироидната жлезда и цистични промени.

Прегледот се врши со лежење на пациентот на грб, додека лекарот поминува со сонда на која претходно е нанесено малку гел над кожата на вратот, додека пациентот не чувствува никаква болка или непријатност. Прегледот трае помеѓу 10 и 20 минути, по што пациентот добива објаснување и писмен извештај.

Сподели:

Слични Написи

Испратете ни порака