Ендоскопски прегледи се колоноскопија, гастроскопија и ректоскопија.
Опција за изведување на ендоскопските прегледи со седација (нецелосна анестезија) и по потреба полипектомија.
Седација (нецелосна анестезија) – е постапка при која со користење на лекови се постигнува состојба на намалена активност на централниот нервен систем, при што се намалува агитираноста, нервозата и степенот на болка на пациентот што овозможува попријатно и полесно спроведување на ендоскопските прегледи (гастроскопија и колоноскопија).