Е-пошта

[email protected]

Контакт тел

(+389)2 322 4249

Ендоскопски прегледи

(+389)70 361 674

Гастроентерохепатолошка консултација.

Гастроентерохепатолошка консултација.

За време на вашата прва посета кај гастроентерохепатолог, ке биде разговарано за вашата семејна и лична здравствена историја, симптоми, претходни третмани и лекови.Во ваш интерес е да ги понесете сите потребни документи или белешки за вашата здравствена историја. На ист начин, подгответе прашања што сакате да ги поставите.

Прашања што треба да ги очекувате од вашиот гастроентеролог

Очекувајте вашиот гастроентерохепатолог да ви постави детални прашања за вашата состојба. Ова се само некои од прашањата што може да ги постави вашиот лекар:

Кои се симптомите (болка, надуеност, металоиди, крварење) што ги доживувате?

Што ги поттикнува симптомите?

Кога започнуваат симптомите?

Кога стануваат подобри или полоши?

Каде ги чувствувате симптомите?

Кој е интензитетот на болката?

Колку често и колку долго ги чувствувате тегобите и симптомите?

Дали болката се движи или ја менува локацијата?

Дали имате семејна историја на дигестивни болести или поврзани здравствени проблеми?

Дали имате историја на гастроинтестинални заболувања или операција?

Физички преглед

Откако ќе се распраша за вашата медицинска историја, вашиот гастроентеролог ќе спроведе физички преглед, кој вклучува инспекција, перкусија, аускултација и палпација после што можно е да бидат препорачани дополнителни доиследувања.

Гастротоп