Полипектомија е процедура која се користи за отстранување на полипи од внатрешноста на желудникот . Полип е абнормална колекција ( израсток) на ткиво. Постапката е релативно неинвазивна и обично се изведува истовремено со гастроскопија.
Многу тумори на желудник се развиваат како бенигни (неканцерозни) израстоци пред да станат малигни (рак).
Прво, се прави гастроскопија за да се утврди присуството на какви било полипи. Доколку се откријат, се прави полипектомија и се отстранува ткивото. Ткивото по потреба се испраќа за хистопатолошка анализа за да се утврди дали полипот е канцероген, преканцерозен или бениген.Со полипектомијата може да спречи рак на желудник.
Ризиците од полипектомија може да вклучуваат перфорација или крварење. Шансите за компликација зависат од големината на полипот, меѓутоа во глобала се движат околу 1 на 1000.