Е-пошта

[email protected]

Контакт тел

(+389)2 322 4249

Ендоскопски прегледи

(+389)70 361 674

Колоноскопија со полипектомија

Колоноскопија со полипектомија

Полипектомија е процедура која се користи за отстранување на полипи од внатрешноста на дебелото црево (колон) . Полип е абнормална колекција ( израсток)  на ткиво. Постапката е релативно неинвазивна и обично се изведува истовремено со колоноскопија.

Која е целта на полипектомија?

Многу тумори на дебелото црево се развиваат како бенигни (неканцерозни) израстоци пред да станат малигни (рак).

Прво, се прави колоноскопија за да се утврди присуството на какви било полипи. Доколку се откријат, се прави полипектомија и се отстранува ткивото. Ткивото по потреба се испраќа за хистопатолошка анализа  за да се утврди дали полипот е канцероген, преканцерозен или бениген.Со полипектомијата може да спречи рак на дебелото црево.

Полипите можно е  воопшто да не се поврзани со никакви симптоми. Сепак, поголеми полипи може да предизвикаат:

Кои се можните компликациите и несаканите ефекти?

Ризиците од полипектомија може да вклучуваат интестинална перфорација или  крварење. Шансите за компликација зависат од големината на полипот, меѓутоа во глобала се движат околу 1 на 1000.