Е-пошта

[email protected]

Контакт тел

(+389)2 322 4249

Ендоскопски прегледи

(+389)70 361 674

Ултразвук на абдомен

Ултразвук на абдомен е неинвазивна, радиолошка дијагностичка метода, која овозможува увид во морфологијата на органите и ткивата, како и откривање на патолошки промени. Овој преглед ги покажува црниот дроб, жолчното кесе, жолчните канали, панкреасот, слезината, бубрезите, мочниот меур, јајниците и матката кај жените, како и простатата кај мажите. Ултразвукот открива камења во жолчното кесе и жолчните канали, камења во бубрезите, туморски лезии на паренхиматозните органи, крвавење или присуство на слободна течност во желудникот и карлицата. Ултразвучниот преглед на желудникот има ограничени можности за дијагностицирање на состојбата и болестите на шупливите органи (желудникот, дуоденумот, тенкото и дебелото црево) поради присуството на воздух и содржина во нив. За испитување на горенаведените органи се користат ендоскопски методи (гастродуоденоскопија – ендоскопски преглед на желудникот и дуоденумот и колоноскопија – ендоскопски преглед на целата должина на дебелото црево).

Прегледот е едноставен, брз и безболен без штетни влијанија врз организмот, а може да се повторува во пократки временски интервали, во зависност од клиничката потреба, а воедно е сигурен и ефикасен метод во откривање на болести на абдоминалните органи. Се изведува на тој начин што пациентот го ослободува стомакот од облеката, лежи на грб, додека лекарот ја поминува сондата на апаратот за ултразвук, кој претходно е нанесен гел, преку кожата на абдоменот.За време на прегледот, пациентот не чувствува никаква болка. Прегледот трае од 20 до 30 минути, по што пациентот добива објаснување и писмен извештај.

За да се изврши ултразвучен преглед, пациентот не треба да јаде и пие 6-8 часа пред прегледот. Еден час пред снимањето, пациентот треба да испие околу 1-1,5 l вода или незасладен чај и да не уринира пред да заврши прегледот.Во итни ситуации, кога е потребно, прегледот може да се направи веднаш, без претходна подготовка.

Ултразвучен преглед на абдомен се препорачува за сите пациенти кои имаат проблеми во однос на:

Абдоминален ултразвук се врши и во случаи кои не се директно поврзани со стомачни проблеми и може да бидат причина или последица на болести на други системи и органи (на пр. кардиоваскуларен систем, белодробни заболувања, болести на дојка, тироидна жлезда итн.). Други причини за вршење на прегледот се исто така и дебелината, пушењето, наследни болести итн.