ГАСТРОТОП – Центарот за гастроентерохепатологија
и интерна медицина е основан во 2005 година како израз на желбата за поинаков, поцелосен, поквалитетен индивидуален пристап кон пациентот.
Тоа пред се подразбира создавање доверба и искреност во односот помеѓу лекарот од една страна и пациентот и неговото семејство од друга страна. Искусивме дека тоа е предуслов за успех на секој понатамошен чекор во дијагнозата и лекувањето на болеста. Ова, исто така, подразбира одвојување време, знаење и слушање на сè што пациентот сака да ни каже, но и препознавање на она што останува недоречено, што често е од клучно значење за создавање правилна слика за пациентот и неговата психофизичка состојба. За сето ова придонесуваат најсовремената медицинска опрема со која е опремена ординацијата и се вбројуваме во водечките здравствени центри во Македонија.
Се наоѓаме општина Центар, Скопје – булевар Св. Климент Охридски бр.66/2/3.
специјалист интернист